Twitter започна да покажува поврзани стории за да даде контекст на твитовите

Twitter е одлична алатка за следење на дневните новости кои вас ве интересираат, но за да може да се надоврзете на дискусија ќе мора да го знаете контекстот на кратките пораки до 140 карактери. За да ги направи дискусии полесни, од понеделник Twitter нуди можност за следење на вестите поврзани со одреден твит или личноста која го има објавено тоа.

Новата функција, наречена „Related Headlines“, се наоѓа веднаш под објавениот твит, така што брзо можете да стигнете до различни приказни кои го поврзуваат овој твит или личноста која го има објавено твитот. Пример, на фотографијата подолу може да се забелеши дополнителното поле под твитот на кое се прикажани новости поврзани со NBA играчот Џејсон Колинс.

Целта која ја има зацртано извршниот директор Дик Костоло, е да го подобри твитерџиското искуство при пренесувањето од Super Bowl-от или доделувањето на Оскарите. На тој начин, твитерџиите ќе може да стигнат до повеќе информации поврзани со одредени случувања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk