Следната мисија на Закерберг е да го поврзе остатокот од светот со Интернет

во Веб, Свет

Internet.org е новата мисија на основачот на Facebook, Марк Закерберг. Facebook, заедно со телеком партнерите, непрофитните организации, локални заедници и експерти, ја формираа иницијативата Internet.org која се фокусира на земјите во развој кои сè уште не може сами да вложуваат во инфраструктурата.

„Девет години бевме во мисија да го поврзиме светот. Сега поврзуваме повеќе од 1 милијарда луѓе, но за да ги поврзиме останатите 5 милијарди, имаме поголем проблем – Најголем дел од луѓето немаат интернет“, пишува Марк на својот Facebook профил.

Според него, пристапот до интернет е еден од најголемите предизвици на оваа генерациј, и за таа цел има развиено целосен план во кој прикажува како Facebook заедно со своите партнери работи да го реши овој проблем. Денес, околу 2,7 милијарди луѓе имаат пристап до Интернет, додека останатите две третини се отсечени. Растот на поврзувања на интернет на годишно ниво изнесува 9 проценти, што се смета за навистина бавен развој.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=NdWaZkvAJfM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk