Twitter започна да банира корисници кои твитаат на кирилица, погодени граѓани на Бугарија

Се чини дека Twitter претера во напорите да ги отстрани објавите на руските тролови. Микроблогот започна со опомени за сите кои твитаат на кирилица. Најпогодени се граѓаните на Бугарија кои твитаат на кирилица. Twitter им испорачува пораки во кои укажува дека практиката наликува на руски линк профили.

За доаѓање на оваа листа има повеќе услови кои треба да бидат исполнети. Пример, покрај кирилично име, потребно е и профилот да е креиран или регистриран во Русија, имејл од русија или телефон на руски телеком. Сепак се чини дека на микро блогот му е доволно да биде исполнет и само еден од овие услови.

Најверојатно станува збор за алгоритамска промена или зајакнување на контролата, па алгоритмот погрешно препознава. Дури и да не се пишува на кирилица никаде на друго место, не знаши дека сите кои твитаат од Русија се дел од трол фармите.

Потврда дека станува збор за грешка дојде набрзо и од Twitter кој објави дека се свесни за проблемот и работат на надминување, вели Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments