0 коментари 2 мин. читање 23 мај, 2018

Инженерот за звук Илија Цветковски креираше нови мелодии за iOS

Илија Цветковски е инженер за звук кој креираше звуци за звучниците на новиот iPhone X. Тоновите на ѕвонење и алармите се сосем прилагодени на фреквентниот опсег на iPhone X.

„Најпрво го тестирав фреквентниот опсег на звучниците на iPhone X и креирав звук со специфичен еквилајзер и лимитери, кои се прилагодени на точниот максимум и потребната моќ. Со розевата-нота ги проверив фреквенциите на X кои го изобличуваа тонот и ги спуштив со еквилајзерот. Другите тонови кои се безбедни ги појачив“, вели г. Цветковски во пост на Reddit.

По прилагодувањето, мелодиите може да бидат пуштани погласно без звукот да биде изобличен. Звуците се прилагодени на iPhone X и iPhone 8, но може да ги користитите на сите телефони.

Мелодиите може да ги преземете од страницата на Илија Цветковски и за нив да платите колку сакате. За жал, за нивно користење како рингтон нема едноставен начин. Ова е благодарение на Apple кој сè уште не овозможил директно внесување на мелодиите. Наместо ова, треба да ги преземете мелодиите и потоа преку iTunes да ги додадете на телефонот.

Tnx до Гораст Цветковски за линкот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top