0 коментари 1 мин. читање

Тwitter за прв пат цензурира содржина

Twitter за прв пат ја искористи можноста да цензурира содржини или профили објавени на микроблог платформата. Првиот цензуриран профил е на екстремистичката нео-нацистичка група Besseres Hannover, а цензурирањето на профилот е на барање на Министерството за внатрешни таботи на Саксонија.

Веста ја потврди и Twitter, со твит на нивниот советник Алекс Мекгиливреј:

Групата е цензурирана на територијата на Германија, додека остатокот на светот може да ги чита твитовите од „Besseres Hannover“. Покрај постојаните негодувањата на Twitter, организацијата во Германија се сомничи и за формирање на криминална организација. Покрај ова постои и основан сомнеж дека групата испратила електронска пошта со ксенофобни пораки до министерот за социјална политика на Саксонија Ајгил Ошкан, која има турско потекло.

Опцијата за цензурирање на твитови беше додадена на почетокот на оваа година, а Twitter ја додаде за да има можност за отстранување на содржини доколку законот во одредени држави го налага тоа.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top