1 коментар 2 мин. читање 18 октомври, 2012

Апликација на денот: Google Calendar на сите Android уреди

Google Calendar можеа да ја користат само на уредите како Nexus S и Galaxy Nexus, но од сега оваа можност ќе ја имаат сите корисници на Android 4.0+. Сè уште не е јасно зошто Google Calendar не им беше достапна на сите корисници на Android, иако е една од најкористените и најкорисни алатки, но еве, Google конечно се одлучи да ги промени работите.

Покрај стандардните опции за создавање, уредувaње, бришење на настани и одговарање на покани, во новата верзија на Google Calendar доаѓаат уште неколку нови функционалности кои ќе ви го олеснат распоредувањето на времето.

  • Повторување на настанот директно од известувањата, бидејќи сè уште не сте спремни за истиот и сакате потсетување.
  • Користете предефинирани пораки за испраќање како „Ќе задоцнам“, со што ќе ги известите сите учесници на настанот да знаат дека ќе доцните.
  • „Pitch to zoom“ за секој посебен ден.
  • Поставување на „домашната“ временска зона, за да ви помогне подобро да го менаџирате времето кога патувате.

Исто така, воведена е и опција со која ќе можете да ги прегледате сите настани една година наназад.Апликацијата можете да ја преземате од Google Play маркетот.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Номче
13 years ago

"..сите корисници на Android телефоните" – додадете уште дека е само за 4.0+.

Мени
Заедница
Изглед
To top