Newsweek се откажа од печатеното издание, станува дигитален магазин

во Свет

По 80 години постоење како втор најголем американски неделен магазин, веднаш зад Time, Newsweek се реши да ги стопира пресите за печатење и од 31 декември да се префрли комплетно во дигиталниот свет како веб сајт и апликација за таблет компјутери.

Магазинот вели дека сега ќе се посвети кон развивање и проширување на онлајн и на мобилното присуство преку својот сајт и апликации за паметни телефони и таблет компјутери.

„Користењето на таблет компјутери забележа брз раст кај нашите читатели, а со тоа и можностите да обезбедиме брза и лесна за дистрибуција професионална глобална платформа за нашето наградувано новинарство. До крајот на годината, бројот на корисници на таблет компјутери во САД ќе надмине 70 милиони, што е пораст од 13-те милиони од пред две години.“, вели Newsweek.

Нема веќе да постојат различни изданија, пример, европско или американско, туку ќе постои една публикација за која ќе се плаќа претплата. Одредена содржина која нема да биде ексклузивно за таблет компјутерите ќе биде достапна на The Daily Beast, сајт кој се спои со Newsweek во 2010 година, и кој привлекува 15 милиони уникатни посетители секој месец.

Според истражување на Pew Research Center, над 39 отсто од Американците читаат вести од онлајн извор, а според Newsweek, тоа е бројка која одлучи дека ќе бидат најефективни да допрат до читателите преку дигитален формат. Но, префрлувањето на само дигитално издание е мотивирано и од загубите кои ги има магазин. Се проценува дека годишно губи по 40 милиони долари, иако има околу 1,2 милиони претплатници, а фамилијата на починатиот сопственик Сидни Харман, кој го купи Newsweek за 1 долар и го спои со Daily Beast, најави минатото лето дека нема веќе да инвестира во магазинот. Со префрлувањето во дигиталниот свет ќе следат и отпуштања.

Newsweek се приклучува на бројни медиуми кои се решија да го стават дигиталното издание пред печатеното за да намалат со трошоците од печатењето, но и да обезбедат побрзо информирање, понекогаш и во реално време на настаните. Од таквите модерни медиуми, најистакнат е британскиот Guardian кој иако го задржи печатеното издание, сепак се реши да го стави дигиталното присуство на прво место.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments