0 коментари 2 мин. читање 20 јули, 2012

Ова се сите датуми кога ќе излезат сите нови продукти на Microsoft

Откако и официјално дојде потврда дека Windows 8 излегува на 26 октомври, Мicrosoft започна да ги открива и термините за останатите продукти.

Знаеме дека заедно со оперативниот систем ќе излезе и  таблет компјутерот Microsoft Surface. Windows Server 2012 ќе биде достапен во септември.  Софтверот за Windows 8 телефоните ќе биде достапен во октомври, но за Windows 8 телефон ќе мора да се стрпиме до ноември. Сè уште е непознато и дали Nokia ќе добие предност пред останатите производители или сите истовремено ќе го добијат мобилниот OS.

Но, тоа не е се. Извор на ZDNet јавува за непотврдeни термини на некои останати продукти. Имајте во предвид дека термините кои се најавени не се потврдени од Microsoft и се информации од еден извор.

Тоа што е најавено е дека Windows Azure облакот ќе биде надграден во септември, а ќе биде пуштен во производство еден месец порано во август. Терминот на софтверската алатка Microsoft Visual Studio 2012 е ист со тој на Azure, односно производството почнува во август а ќе биде достапен до јавноста еден месец подоцна, во септември.

Windows 8 телефонот Apollo ќе биде достапен во ноември, а последен на листата е пакетот Office 15, кој ќе биде достапен во февруари следната година. Иако Office 15 ќе биде достапен со пред-верзија на Surface таблет комјутерите.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top