0 коментари 1 мин. читање

Twitter додаде интерактивни нотификации преку кои ќе може да @одговорите или ретвитувате

Наскоро ќе добивате нотификации ако некој ве тагира во твит или ви прати директна порака, објави Twitter во блог пост. Нотификациите во моментот работат само на веб верзијата, на twitter.com, и ќе бидат во реално време и интерактивни за да може преку нив да одговорите на твитот, да го обележите како омилен или да ретвитувате. Сите или поединечни нотификации ќе можат да се изгаснат доколку не сакате да ги добивате преку Settings -> Web Notifications. За мобилните корисници, Twitter ви предлага да ги активирате push нотификациите како известување за твитови во кои сте @тагирани. Интересно, освен на мобилните верзии, до сега на Twitter.com немаше начин да проверите за твитови во кои сте @тагирани освен да го отворите табот за нотификации, и со тоа да се тргнете од фидот за вести.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top