Тwitter тролот што го исмеа фудбалерот Фабрис Муамба е осуден на два месеци затвор

Британскиот студент по биологија Лиам Стејси, 21, е осуден на 56 дена затвор бидејќи преку својот Twitter профил го исмеја и навреди фудбалерот на Болтон, Фабрис Муамба, кој доживеа срцев удер за време на минатонеделниот натпревар против Тотенхам.

Тролот Стејси твитна „LOL еби го Муамба. Тој е мртов“ кога Муамба се сруши на теренот. Ова ги разгневи другите корисници, но мотивиран од критиките, Стејси продолжи да твита со несоодветни, расистички и навредливи коментари што ги натера другите да го пријават во полиција.

Соочен од полицијата Стејси одговори дека не е расист, и дека бил пиел во бар кога ги забележал твитовите за Муамба, дури се обидел пред судот да се извади велејќи дека неговиот профил бил хакнат. Но, според англискиот судија за неговото однесување „нема друга алтернатива, освен итна затворска казна“. Стејси е суспендиран и од универзитетот.

Фабис Муамба, 23, се најде во животна опасност кога неговото срце престана да работи за скоро 70-тина минути. Благодарение на брзата реакција на докторите, фудбалерот беше пренесен од теренот во локалната болница на интензивна нега. Младиот фудбалер во моментов е во стабилна, но се уште критична состојба.

Несреќниот случај на Муамба предизвика неверојатна хумани реакции од другите професионалци, а на друштвените мрежи #prayformuamba стана еден од најпопуларните хаштагови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk