0 коментари 1 мин. читање

Вака изгледа хакерската недела на Dropbox

„Хак“ можеби има негативна конотација, но значи и да се биде итар и креативен покрај ограничувањата, вели Dropbox во својот блог пост во кој престави видео од неодамнешна „хакерска недела“. Настанот ги вклучува вработените и пријатели на вработените кои во текот на една недела се обидуваат да испрограмираат некои интересни експерименти кои доколку се покажат како добри ќе можат да се интегрираат во сервисот. Dropbox, сервис за складирање фајлови на веб, неодамна претстави нов дизајн и интеграција со Facebook, и можно е на овие хакерски собири да се дојде до уште некое интересна надградба на сервисот.

Ваквите хакерски „натпревари“ се вообичаени за бројни стартапи и ИT компании вклучувајќи ги Google, Facebook и други, а целта е да им се даде простор и мотивација на програмерите да си ги искажат идеите.

[youtube]jrrCSnOFyaY[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top