Nоkia и Apple се скараа околу новите стандарди за nano-SIM картичка

во Мобилни

Аpple ги нема соодветните патенти за да ветува нова nano-SIM картичка без да се плаќаат лиценци, вели Nokia.

Оваа битка започна откако двете компании поднесоа свои предлози до Европскиот институт за технолошки стандарди (ETSI) за стандардизирање на нова, помала SIM картичка. Оваа таканаречена nano-SIM картичка е потенка и скоро три пати помала од micro-SIM картичката која се користи во паметните телефони.

Предлогот на Apple за nano-SIM картичка повеќе им се допаѓа на европските оператори бидејќи не треба да се плаќаат лиценци за да се користи технологијата, пишува експертот за патенти Флориан Мулер кој додава дека Apple ги става конкурентите во незгодна ситуација бидејќи сега мора да одговорат со соодветно предлог.

Според The Verve, предлогот на Apple за nano-SIM картичка е всушност micro-SIM од кој се тргнати сета непотребна пластика, што оди во прилог на барањата на ETSI картичката да поддржува осум електрични контакти како што е со сегашниве SIM картички. Apple-овиот предлог овозможува користење на адаптер за да се искористи nano-SIM како micro-SIM или mini-SIM.

За Nokia нивниот дизајн, поддржан од Motorola Mobility, во сопственост на Google, и Research in Motion, креаторите на Blackberry, останува технички супериорен. Според финската компанија, предлогот на Apple е само обид да се манипулира со другите.

„Не сме запознаени дали Apple има индустриска сопственост која е неопходна за неговиот nano-SIM предлог. Знаејќи го ова, Apple-овиот предлог за лиценца без плаќање надоместок ни изгледа повеќе како обид да се намали вредноста на интелектуалната сопственост на другите.“, вели Nokia.

Тоа што е важно да се напомене е дека ако технологијата која ќе се воспостави како стандард е врзана со патенти, тогаш ETSI може да побара тие патенти да бидат ставени под фер, разумна и не-дискриминаторна лиценца позната како FRAND.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments