Twitter се збогати со фото галерија

Друштвената мрежа Twitter, иако е далеку помала од гигантите Facebook и Google, нема намера да попушти во борбата за задржување и зголемување на бројот на корисници, па така последна новина е дополнувањето на корисничките профили со фото галерија. Доколку споделувате фотографии на Twitter користејќи ја новата опција за закачување, или пак користите надворешни сервиси како yFrog, TwitPic или Ιnstagram, овие фотографии сега ќе бидат достапни во галерија која ќе се наоѓа на вашиот Twitter профил.

Фото галеријата е веќе достапна за сите корисници, и функционира на тој начин што автоматски ги собира сите фотографии кои се твитнати со новата опција за закачување, или пак преку yFrog, TwitPic или Ιnstagram. Галериите треба да се појават од десната страна на секој Twitter профил. Галеријата која се појавува кај корисничкиот профил е преглед од само четири фотографии, кога ќе се кликне на опцијата „View All“, ќе се отвори нова страница која покажува поголем број на фотографии. Кога ќе се кликне на било која фотографија, таа се отвора за подобар преглед, а над неа се појавува лента која ги содржи останатите фотографии. Оваа лента овозможува полесна навигација.

Поради технички ограничувања, корисничките фото галерии ги покажуваат само последните 100 фотографии кои се споделени, а оние фотографии кои се закачени пред 1 Јануиари 2010, не се покажуваат во фото галериите. Доколку го избришите твитот кој ја содржи фотографијата, од галеријата ќе се избрише и сликичката (thumbnail) на фотографијата, но сликата ќе остане на yFrog или TwitPic, доколку се наоѓа на овие сервиси. Галериите имаат елегантен интерфејс, и навигацијата помеѓу фотографиите е многу едноставна и лесна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk