Доколку често се случува да не бидете во можност веднаш да одговорите на повици или пораки, апликацијата Auto SMS би можела да ви помогне да го рeшите тој проблем. Станува збор за Android апликација која ви овозможува да праќате автоматски пораки кога сакате. Оваа апликација е корисна во оние моменти кога сакате да им објасните на оние што ве бараат зошто не сте достапни за комуникација.
Auto SMS ви овозможува да креирате колку сакате профили, кои пак ви даваат опции да одберете дали сакате автоматски одговор да го праќате и на SMS пораки и на пропуштени повици, да одберете што ќе стои во пораката, и да го подесите траењето на одбраниот профилот. AutoSMS исто така ви овозможува да одберете кој ќе ги прима автоматските пораки, како и да одбрете пораките да бидат пратени на оние што пробуваат да контактираат, на само одредена група на контакти, или пак само на листата на контакти. Но, доколку сакате можете и да избришите одредени контакти од примање пораки.
Auto SMS исто така ви овозможува да праќате веќе напишани пораки кога сакате, сè уште треба да направите е да ја напишете пораката, да го внесете времето кога сакате да биде пратена, да го внесете примачот, и пораката автоматски ќе биде пратена во наместеното време. Една од најважните опции што ги нуди Auto SMS, е можноста да ви ги чита примените SMS пораки. Ова е добра опција, која може да биде корисна доколку се наоѓате во ситуација кога не сте во состојба да ја прочитате пораката, на пример кога возите, или пак џогирате. Исто така може да се намести апликацијата автоматски да ја чита секоја порака што ќе ја добиете.

(via The Next Web)







