14 коментари 1 мин. читање

МВР со Android „импликација“ ќе ви помогне да избегнете радарски контроли

Eве уште еден #mkfail што доаѓа од портпаролот на МВР, Иво Котевски, кој изјави дека МВР креира мобилна „импликација“ за паметните Android телефони. Апликацијата ќе им помогне на возачите да ја избегнат полицијата, односно ќе „ги предупредува возачите кога ќе се доближуваат на местото каде што има радарска контрола“.

Видеото од изјавата за креирање на „импликацијата“ е подолу, уште поинтересно што и новинарката на МТВ, како и г. Котевски, вели дека се работи на „импликација“.
[youtube]9bSL3tKWgJg[/youtube]

МВР со андроид апликација ќе ви помага да не ве фатат на радарски контроли WTF!!! via @Parmakovski http://t.co/JSOJ9dxless than a minute ago via Twitpic Favorite Retweet Reply

Што се однесува до избегнувањето на радарска контрола, како што зебележаа некои твитерџии, колку и да звучи нелогично да се предупреди возач да намали со брзина за да не биде фатен на радар само во еден момент, додека во остатокот од времето вози над одредената брзина, сепак се чини дека МВР е обврзан да ги објави местата каде се поставуваат радарски контроли. На нивниот сајт има мапа со информации која полициска станица на која улица поставува радарска контрола.

Апликацијата сè уште не е објавена.

(via @Parmakovski)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

14 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top