Coursera сега брои 33 универзитети, скоро 200 курсеви и 1,3 милиони студенти

во Веб, Совети

Денес од Coursera на својот блог објави дека уште 17 универзитети ќе им се приклучуваат во споделување на знаењето. Вкупно сега има 33 универзитети кои обезбедија над 200 бесплатни курсеви за 1,3-те милиони студенти кои го посетуваат сајтот.

Со новите универзитети се зголеми и бројот на курсеви, па и областите за кои професорите од овие универзитети ќе држат предавања. Покрај веќе досегашните, одсега и студентите од музичките академии, медицината и хуманистичките науки може да го збогатат своето знаење. Од Coursera се задоволни од активностите во претходните 6 месеци и како се одвиваат сите работи.

„Работењето со универзитетите, професорите и студентите во претходните 6 месеци не научи дека онлајн едукацијата има огромна моќ да ги зближи луѓето заедно и отворат вратите кои во спротивно може и да останат затворени“, вели Coursera и препорачува да го прочитате есејот на Лаура Кушинг како онлајн курсевите и помогнале да научи многу повеќе.

Универзитети кои денес и се приклучија на Coursera се: Berklee College of Music, Brown University, Columbia University, Emory University, Hebrew University of Jerusalem, Hong Kong University of Science and Technology, Mount Sinai School of Medicine, Ohio State University, University of British Columbia, University of California – Irvine, University of Florida, University of London, University of Maryland, University of Melbourne, University of Pittsburgh, Vanderbilt University и Wesleyan University.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk