0 коментари 1 мин. читање 14 септември, 2011

Twitter претстави Web Analytics алатка

Twitter ја претстави Web Analytics алактата со кои ќе може да се провери колку сообраќај на веб сајтот доаѓа од Twitter и од линковите споделени на сервисот за микро-блогирање во 140 карактери.

Алатката овозможува да се види колку содржина од веб сајтот се споделува на Twitter преку сервисoт за скратување линкови t.co, колку посети доаѓаат од Twitter, колку содржина и колку е ефикасно Twitter копчето. Во моментов три милиони веб сајтови го имаат инсталирано копчето кое се клика 100 милиони пати дневно!

Twitter Web Analytic алатката, која ќе биде бесплатна, моментално е во бета, а од наредната недела прво ќе биде овозможена за блиските партнери на Twitter, а потоа пуштена и за сите корисници. Aлатката за анализа на Twitter е базирана на технологијата на BackType, компанија која Twitter ја купи во јули.

(подолу е видео од презентацијата на Twitter на TechCrunch Disrupt)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}