Застрашувачката Facebook Pwn апликација може да ги украде сите ваши лични податоци

Истражувачи за интернет безбедност од Египет имаат креирано алатка Facebook Pwn, базирана на Java, која автоматски собира податоци од скриени Facebook профили и ги открива личните податоци.

Алатката функционира така што најпрво креира лажен профил кој се обидува да се спријатели со сите контакти кои ги има профилот од кој сака да извлече информации. Потоа напаѓачот одбира еден од пријателите на жртвата, со чиј идентитет го полни лажниот профил, земајќи го името и профил фотографијата. Алатката потоа го користи лажниот профил да го додаде како пријател профилот од кој сака да извлече информации. Постои голема веројатност личноста која е нападната да ја прифати понудата за пријателство кога ќе види позната личност.

Доколку понудата за пријателство е прифатена, алатката ги презема личните податоци и фотографии од нападнатиот профил, па дури личноста и да забележи што се случува и да го избрише лажниот профил од своите пријатели, преземените информации сè уште ќе бидат достапни за напаѓачот. Добиените информации ќе можат да бидат употребени се понатамошни напади и злоупотреби.

Според тимот кој стои зад Facebook Pwn, oвој проект е само да се докаже дека вакво нешто е возможно и повикуваат да не се злоупотребува. Кодовите за алатката се достапни на веб сајтот на проектот, каде можат да се најдат и детали за креирање на нови модули за апликацијата.

Апликацијта едноставно демонстрира колку Facebook може да биде небезбеден и дека е потребно да си размислите поубаво пред да објавувате некои лични информации кои не сакате да бидат злоупотребени или да останат приватни.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Nekoj
Nekoj
10 years ago

OMG, Кодовите за алатката се достапни на веб сајтот на проектот…
Neznam so da kazam osven, golem propust…