0 коментари 1 мин. читање

AMD со FX сруши Гинисов рекорд за брзина

АMD влезе во Гинисовата книга на рекорди за постигнување на „наголемата фрекфенција на компјутерски процесор“. Рекордот е поставен со новите FX процесори базирани на Bulldozer архитектурата, малку течен азот, малку течен хелиум, и „тим од елитни експерти за оверклокување“.

Тимот на AMD успеаја да направат 8-јадрениот декстоп процесор да постигне брзина од 8.429 GHz. Претходниот рекорд беше 8.308 GHz.

Овој рекорд сигурно ќе послужи како одличен маркетинг на FX процесорите кои ќе се појават на пазарот на крај на 2011-та година. Дефинитивно домашните корисници нема да ја добијат рекордната брзина, но барем ќе бидат сигурни дека имаат хардвер кој поставува рекорди.

АMD вели дека FX процесорите ќе бидат „отклучени“ за хардверските ентузијасти да можат да направат полесно оверклокување, и ќе вклучуваат екслузивен AMD софтвер со Vision Engine за лесно персонализирање на перформансите на FX продуктите.

(tnx @MatrixPp)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top