0 коментари 1 мин. читање

Twitter овозможи пребарување на постари твитови

Twitter после долго време одговори на барањата на корисниците и овозможи пребарување на старите твитови според клучен збор или хаш-таг. Сето ова следи откако на корисниците најпрво им овозможија да ја преземат целата своја архива, а сега и сите ќе имаат можност да пребаруваат назад во времето.

Оваа промена се очекува да биде достапна за сите корисници во следните денови и да го замени стариот алгоритам кој пребаруваше само неколку денови наназад. Со новиот алгоритам корисниците ќе имаат можност да пребаруваат во поголем временски интервал и да ги сортираат твитовите по старост.

Ова е само за почеток и нема да опфаќа голем процент од вкупниот број на испратени твитови, а ќе се следат активностите како омилени твитови, ретвитови и кликови. Бројот на твитови кои ќе се обработуваат ќе се зголемува со тек на времето, пишува Пол Бурстеин на официјалниот блог на Twitter.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top