Samsung Galaxy Mega e паметен телефон со мега екран

3 коментари 1 мин. читање

Samsung претстави уште еден претерано голем паметен телефон. Се работи за Galaxy Mega кој е достапен во две верзии со екран со големина од 5,8-инчи и 6,3-инчи. Вториот и поголемиот модел е поблиску до 7-инчните таблет компјутери, отколку до 4+-инчните паметни телефони. Затоа слободно може да ги ставиме овие уреди во „фаблет“ категоријата.

„Свесни сме за потенцијалот во големите екрани за подобро гледање на мултимедија, сурфање на веб и повеќе. Возбудени сме да понудиме уште еден избор за различниот животен стил на корисниците, додека го задржуваме високиот квалитет на наградуваниот Galaxy модел.“, вели директорот на Samsung Mobile, ЈК Шин.

Интересно, иако се огромни, сепак хардверските перформанси не се ништо посебно подобри од 5,5-инчниот Galaxy Note 2 или 4,9-инчниот Galaxy S4. Mega од 6,3-инчи има 720p екран, 8 GB или 16 GB простор, 1,7 GHz процесор со две јадра, 8 мегапиксели камера, 1,5 GB RAM и работи на последната верзија на Android JellyBean. Моделот со 5,8-инчен екран има исти спецификации, освен малку помала резолуција и простор од само 8 GB.

Европа ќе биде првиот континент каде ќе се појави овој мега-телефон. Нема детали за цената, освен дека ќе биде поефтин од Galaxy Note 2.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top