За Едвард Бурнс, режисер и продуцент на независни филмови, најважното нешто што може да го понудат друштвените медиуми е полесен и поинтерективен начин да се поврзе со своите фанови кои ги почитуваат неговите дела и кои ќе можат да ги споделат со другите пријатели.
За својот најнов филм Newlyweds, г. Бурнс се реши да го искористи Twitter за да ги ангажира и фановите во креирање на некои сегменти од маркетингот. Освен што сподели на Тwitter како ги потрошил 9-те илјади долари кои ги потрошил за филмот, и што постојано одговараше на прашања од Twitter корисници, тој побара од фановите да учестувааат во креирање на постер за филмот. Тоа што е интересно е што победникот на тој натпревар започна на печати и продава маици и постери, бидејќи, покрај поканата за премиера на филмот, му беше дозволено да ги задржи правата на постерот.
Едвард Бурнс е познат независен актер, сценарист, режисер и продуцент кој во 1995-та за својот филм The Brothers McMullen беше награден со Гранд При на филмскиот фестивал Sundance. Тој филм беше снимен за само 28.000 долари, а заработи неверојатни 10 милиони долари.
Разликата во снимање независни филмови тогаш, од пред шеснаесет години, и денес, вели тој за Mashable, е што сега независните филмаџии имаат супериорна опрема со која можат да снимат квалитетни филмови. Но, со поефтина и подобра опрема доаѓа и поголема конкуренција. Според него, за две-три генерации може да се очекува да се има видео камера на паметен телефон која ќе биде со квалитет на филмска камера.
Неговиот најнов филм NewlyWeds е сниман со Canon EOS 5D Mark II, што е истиот фотоапарат со кој е снимен и македонскиот краток филм „Шал“.
Подолу е трејлерот од Newlyweds кој е сниман за само 12 дена за 9.000 долари, и уште едно видео во кое Едвард Бурнс споделува совети (одговори на прашања од корисници) за како со тесен буџет да се сними филм, пример да се натераат актерите да си носат своја облека, без посебна шминка, да се прашува по ресторани за да сними филм во замена на кадар со името на ресторанот итн.
[youtube]RG10SCi59I8[/youtube]
[youtube]M7-3GcQVVyY[/youtube]







