Декодиран iPhone е добар iPhone.
Ако досега не сте го ослободиле вашиот iPhone од прангите на Apple, сега имате шанса многу лесно да го направите тоа. Последната верзија на RedSn0w сега вклучува и тотално ослободен iPhone што работи на најновата верзија на оперативниот систем iOS 5.0.1 откако iPhone хакерот Pod2g успеа потполно да го декодира.
После веќе неколку месечна работа Pod2g триумфираше над лавиринтите што Apple ги поставува со секоја нова верзија на оперативниот систем, што оневозможуваат декодирање и отклучување, иако успехот на Apple уште од зачетоците на популарноста на iPhone 1 во голема мера се должи на луѓето што декодираат и прават нови начини да се користи мобилниот. Apple има навика да превзема идеи од хакерите кои програмираат апликации и овозможуваат технички вашиот мобилен да прави повеќе одколку што би правел ако не е декодиран. Пример, новиот редизајниран центар за нотификации присутен во iOS 5.0 прво постоеше како апликација направена од нелиценцирани програмери и достапна само за отклучен iPhone.
Веќе познатите хакери DEV-TEAM, целиот циркус на декодирање и повторно оневозможување од страна на Apple, правилно го нарекоа „игра на глушец и мачка”. Досега ниедна популарна мобилна платформа не била комплетно оневозможена за декодирање, и не изгледа дека наскоро тоа би се случило.
Повеќе информации за како да го декодирате вашиот iPhone ќе видите на сајтот на iClarified. Ако останете на Vanilla, односно на не декодиран iPhone, ќе пропуштите одлични апликации како на пример:
- Siri за iPhone 4, 3GS, овозможите го виртуелниот асистент Siri досега присутен само кај најновиот iPhone 4S, на вашиот iPhone 4 или 3GS
- Winterboard, апликација која ви дозволува тотално да го измените корисничкиот интерфејс и целиот изглед на оперативниот систем
- iFile, ви овозможува да преместувате датотеки, да копирате и изменувате исто како на вашиот персонален компјутер.
- SpringFlash, го држите копчето за зголемување гласност и за две секунди се вклучува LED светилото што го имаат iPhone 4, 4S.
- FullScreen for Safari, уживајте во целост кога срфате на екранот на вашиот iPhone или iPad со тоа што целиот екран станува прелистувач
Би ве соватувале да имате одредено познавање околу декодирањето на iPhone, да прочитате нешто повеќе бидејќи можно е да не ви биде прифатена гаранцијата што ја имате на телефонот. Ова го правите на ваша одговорност.
[youtube]pTiiB7j1TE0[/youtube]

Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.