0 коментари 2 мин. читање 19 јуни, 2014

Twitter купи платформа за едитирање на клипчиња од телевизија во живо

Благодарение на хаштаговите и на активните корисници, Twitter е едно од најинтересните мести на Вебот за дискутирање за време на актуелни ТВ настани кои се случуваат во реално време. Според Twitter, дури 95 отсто од дискусиите на друштвените мрежи се случуваат кај нив. Но, тоа што можеби недостасуваше е начин брзо и лесно да се споделат моментите во живо. Затоа Twitter го купи SnappyTV, сервис стартуван во 2010-та година, кој им овозможува на медиумите и дистрибуерите на содржина да споделат кратки исечоци од програми во живо, само неколку моменти откако ќе бидат прикажани.

SnappyTV веќе се користи од големи брендови и медиумски партнери преку Twitter Amplify програмата, и иако сервисот ќе биде подлабоко интегриран со Twitter, сепак ќе им се дозволи на дистрибутерите да споделуваат високо-квалитетно видео и на други платформи. Целта, вели Twitter, е да им се обезбедни на издавачите побрзо да споделат добри моменти од настани во реално време.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top