Twitter додаде гифови за веб, iPhone и Android

0 коментари 1 мин. читање

За сите кој чувствуваа дека немаа доволно можност да се изразат на Twitter, друштвената мрежа веќе овозможува споделување на анимирани слики (гифови) во твитовите. Промената не доаѓа само на Twitter.com туку и на официјалните апликации за iOS и Android, за жал Windows Phone засега останува без можност за споделување .gif директно од апликацијата. Веста за новитетот ја потврди Twitter Support заедно со порака која демонстрира како ќе изгледаат идните твитови. Корисниците сепак ќе можат самите да одлучат дали сакаат да ја видат анимацијата, бидејќи твитовите доаѓаат play копче, како да се видео.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед