За еден месец од сега Twitter во стримовите на своите корисници ќе започне да инкорпорира спонзорирани твитови од компании кои корисниците не ги следат. Овој чекор е надополнување на новиот начин на рекламирање кој Twitter започна да го имплементира минатиот месец.
Според друштвената мрежа, која беше позната по тоа што одбиваше да ги бомбардира своите корисници со реклами, се’ до април минатата година, спонзорираните твитови од одредени брендови ќе се појавуваат и кај оние корисници кои не ги следат но се слични со корисници кои веќе ги следат. Ова е всушност надоградување на спонзорираните твитови кои Twitter ги претстави минатиот месец. Корисниците исто така нема да можат да одберат дали ќе им се појавуваат спонзорираните твитови или не.
Ова е прв чекор на Twitter да започне да покажува реклами на корисници кои не покажале интерес за нив. Претходно корисниците мораа да следат некој бренд или да пребаруваат нешто на Twitter за да бидат директно изложени на реклами. Со новиот начин на рекламирање Twitter ги покажува своите амбиции да стане друштвена мрежа која ќе претставува одлична платформа за промовирање на брендови, тоа што е Facebook и Google.
Според портпаролот на Twitter, Мет Грејвс, новиот начин на промовирање преку спонзорирани твитови е многу успешен. Според него доказ за ова се твитовите на HBO за серијата True Blood, кои успеале да бидат ретвитнати скоро илјада пати.







