Facebook на есен ќе стартува музички сервис?

Според извори на CNBC, Facebook во септември на својата конференција f8 ќе претстави музичка платформа. Веќе извесно време се шират гласини дека Facebook припрема платформа која ќе има за цел да ги задоволи музичките потреби на своите корисници. Стартувањето на музичка платформа би имало огромна корист, како промитивна така и материјална, за сите оние кои се наоѓаат во музичкиот бизнис, бидејќи публика од 700 милиони сепак не е малку.

Според гласините, иако се’ уште не е ништо сигурно, Facebook не планира да им конкурира на веќе постоечките музички сервиси кои стримуваат музика, туку ќе креира платформа на која ќе можат да се приклучат оние музички сервиси како што се Pandora, Spotify, MoG и други. Па така неместо да претставува закана за овие музички сервиси, Facebook ќе придонесе за нивен поголем раст. Претходно беше најавена соработка со Spotify.

Доколку дојде до ваква соработка, корисниците ќе можат да стримуваат музика од овие музички сервиси без да мора да го напуштаат Facebook. Ова би предизвикало корисниците да поминуваат уште повеќе време на Facebook. Се разбира музичките сервиси би имале поголема корист од соработката со Facebook бидејќи нивните услуги ќе бидат претставени пред повеќе од 700 милиони корисници.

Facebook се приклучува во друштвото на големи технолошки компании кои на своите корисници им нудат сервиси кои се директно поврзани со музика. Google неодамна го претстави својот сервис за стримање музика Google Music Beta, Apple на есен ќе го стартува iTunes Match, а Amazon го има Amazon Cloud Player.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments