Twitter ќе продава реклами во други апликации

Twitter има нов план како да заработи од сите кои ги гледаат твитовите, а не се корисниците на платформата за микро-блогирање. Доколку се оди според најавите, Twitter ќе вметне реклами во твитовите кои се прикажуваат на други веб сајтови и мобилните аликации, вели Wall Street Journal.

За сега е непознато кои од издавачите се согласни со планот на Twitter, но првите информации по објавувањето на иницијативата на Twitter на CES, велат дека ESPN и Flipboard се согласни да прикажуваат реклами во споделените твитови. Парите кои Twitter би ги заработил на овој начин ќе бидат поделени помеѓу компанијата и сајтот или апликацијата на кои се прикажани твитовите, што би можело да значи дека поголем број на издавачи би биле заинтересирани за споделување на повеќе твитови.

Идејата на Twitter е да ги монетаризира не само корисниците на платформата, туку и сите останати кои ги читаат твитовите на различни сајтови, со што без сомневање рекламите ќе стигнат до поголема публика. Доколку потегот биде прифатен од корисниците и издавачите, можеби Twitter ќе успее да докаже дека бројот на корисници не е клучен кога е во прашање правењето на пари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments