0 коментари 2 мин. читање 12 јануари, 2015

StartupBlink e интерактивна мапа на стартапи и акселератори

StartupBlink е своевидна интерактивна мапа на стартапи на која може да видите кои локации се актуелни кога се во прашање новите компании, акцелератори и слично.

Сервисот следи 67.000 стартапи, 100 акцелератори и 200 простори за соработка. Но, тоа што е поинтересно за нас е што добар дел од македонските стартапи се присутни на мапата, така што светот може да се запознае со локалните MarkO, uPlug, 4Virtus, EmitKnowledge, Life Coach Code, Zinteo, PayNet LCC, ARCHITech, Tesseract Interactive, CodeWell и останатите нови и иновативни компанија од Македонија.

Покрај стартапите StartupBlink овозможува следење и на некој од највлијателните личности за овој екосистем како Муканд Моха, Бен Хоровиц, Стивен Сонофски кој го со своето мислење влијаат на компаниите, вели The Next Web.

Тоа што е најважно е дека сепак сервисот е корисен колку што стартапите повеќе се „пријавуваат“ на него, со што би можел да остане актуелен. Секој месец на StartupBlink се пријавуваат над 700 нови стартапи со што барем за сега актуелноста на сервисот не е доведена во прашање.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top