Twitter ќе го замени „favorite“ со „like“ или „star“

Twitter размислува да го замени favorite ѕвездичка со која се бележат омилените твитови со „Like“ или „Star“ копче. Вакво копче е веќе и видливо кај некои корисници, пренесува TNW. Сите сме доволно добро запознаени со „ми се допаѓа“ копчето на Facebook кое секојдневно генерира 3 милијарди кликови на дневна база, па зошто да не и Twitter се обиде со такво име на своето копче.

Сепак, ова не значи дека копчето ќе биде официјално и во скоро време од Twitter ќе го додадат „Like“ копчетo. Можеби се тестира, и како и кај секој тест одлуките можат да се сменат, како што беше со Favorite копчето кое во 2008 година беше додадено на сајтот. Тwitter првин сакаше тоа копче да го носи називот „Thanks“, за потоа да се одлучи за „Favorite“.

Од друга страна пак, можеби на Twitter ќе му биде најдобро да најде некое ново име на своето копче, бидејќи Facebook е веќе познат по лајковите, а „Favorite“ со ѕвездичката означува дека сакаме да зачуваме нешто како bookmark.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk