Првата сцена од филмот за Стив Џобс е добра, но таа никогаш не се случила, вели ко-основачот на Apple, Стив Возниак. Во сцената Стив Џобс, глумен од Ештон Качер, и г. Возниак, глумен од Џош Гад, дискутираат за дали луѓето ќе сакаат да купат компјутер, иако г. Џобс инсистира дека „како некој знае дали сака да го купи ако никогаш не го видел?“. Сцената е интересна, признава г. Возниак, но таа никогаш не се случила, бидејќи карактерите во филмот се погрешни.
„Ликовите се погрешни, иако мојот лик е поблизок… не заборавајте дека мојата цел беше инспирирана од Homebrew Computer Club заедно со идеите за вредноста на таквата машина, а Стив не беше тука, ниту доаѓаше во собирите на клубот, така тој беше оној кој учеше за какво ќе биде општественото влијание на иднината.“, вели г. Возниак во коментар на Gizmodo.
„Ние никогаш не изгледавме како професионалци. Ние бевме деца. Нашето партнерство беше различно од тоа како е претставено. Јас сум посрамен, но ако филмот е забавен, тогаш тоа е добро. Секој кој ќе ја прочита мојата книга iWoz ќе добие појасна слика.“
[youtube]Wr0VqIJ4afM[/youtube]