Кој е најсмешниот твитерџија во Македонија?

Twitter e комуникациска алатка со која во само 140 карактери може промовирате продукт, да се вклучите во дискусија со бренд, да изберете градоначалник, да најдете добар локал, со само еден хаштаг да најдете фанови на Game of Thrones или да ги споделите сите фотки, видеа и линкови од протестите во Турција. Но, за да го користите Twitter како што е дизајниран ќе мора да сте заинтересирани за тие работи, да ги следите и да сакате да споделите релевантна содржина.

Неодамна Time.mk стартуваше нова алатка за следење на најпопуларните твитови од македонските корисници. Целта му е да покаже што е тоа што меѓу 20 и 40 илјади твитерџии зборуваат на мрежата која во Македонија е сватена од корисниците дека има моќ да стартува револуции и да влијае врз општествениот поредок како што го направи тоа со откривање на убиството на Мартин Нешковски. Но, тoa што сервисот на Тime.mk покажа е дека вистинската реалност е далеку од желбите на корисниците, и е многу блиску до една пасивен и саркастичен однос на македонските твитерџии. #Martin беше само моќен исклучок. Ова најлесно може да се разбере преку твитот на Мите Кузевски од New Media Mk и твитерџија кој ја следи сцената од самите почетоци.

Околу овој негов твит се отвори дискусија од други твитерџии кои се на Twitter кога имаше само илјада-две корисници во Макединија, кога се планираа твитапи и настани како и кај секоја новопојавена, и пред се помала интернет заедница.

Едно истражување за Twitter oд Никола Спасов од агенцијата Рејтинг направено пред осум месеци, вели дека дури 19,6 отсто од твитерџиите се магистри или доктори по науки, и дека дури 64 отсто од корисниците имаат завршено високо образование, дури 32 отсто се веб дизајнери, програмери, 27 отсто се занимаваат со маркетинг, и скоро 26 отсто се на некоја раководна позиција во компанијата во која работат. Ова се ипресивни бројки што кажува дека твитерџиите се интелектуалци со вештини. Тогаш зошто си го пробувааат талентот во стендап комедијата?

Да не биде само дека ја критикуваме Twitter заедницата. Можеби не твитаат за протестите во Турција каде над 10.000 луѓе се побунија против властите првин за да заштитат парк, а потоа за се што ги мачи, иако од тој настан може да извлечеме паралела со неодамнешен настан во Скопје кога твитерџиите се бунеа дека властите со сила уништуваат зеленило. Тие дрвја властите мирно ги исекоа преку ноќ. Секако дека твитерџиите се неверојатно креативни. Видовме куп интересни интернет мемиња и шеги околу важни локални настани, дали се тоа локални избори или Евровизија, сеедно. Но, не видовме активност. Креативноста е тука, и се троши на шеги и сарказам.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Јован
Јован
13 years ago

сепак има добар локален пример со збирка на мемиња искористени во општествено добро: http://mkpolmeme.tumblr.com

Трајанчо
Трајанчо
13 years ago
Reply to  Јован

Македонски мемиња? Убиј ме сега!!!!

Кристијан Огњаковски
Кристијан Огњаковски
13 years ago

Многу ми е жал што твитер задницата не е обликувана по теркот на авторот. За среќа, таа и никогаш нема да биде обликувана по нечиј вкус. Дива, нескротлива,алергична на замислени авторитети. Јако е што владее некоја психопатологија кај долгогодишните твитер корисници дека новоактивираните се на твитер поради нив. Вистината е дека твитер во МКд е доволен за корисниците во онаа мера во која го користат и сакаат да продожат да го користат. А за што подобро од хумор и сатира?

види ги сите огласи на kariera.it.mk