Што може да направи вашиот бизнис за 140 карактери? Tука е Twitter да ви покаже. Kомпанијата го стартува сервисот Twitter for Business кој ќе претставува онлајн ресурс за сите бизниси кои сакаат да ги научат техниките на Twitter и да ги постигнат саканите ефекти.
Сервисот нуди запознавање со основите, градење на заедница и како да се користи сервисот за реклами на Twitter. Исто така, на страницата има наведено и неколку примери на успешни компании од кои може секој да учи. Успешните примери се поделени според индустриите, па така може да го разгледате интеракцијата со таргетираната публика.
Ова е одлична страница и прегледна, така што и најмалку запознаените лица ќе може да се снајдат, а на експртите ќе може да им помогне побрзо да ги пронајдат алатките што им требаат.
[youtube]BGirUZq1WtQ[/youtube]







