0 коментари 1 мин. читање

Twitter излегува на берза со вредност од 15 до 20 милијарди US долари

Twitter доцна синоќа потврди дека го имаат пополнето формуларот S-1 и го испратиле до SEC (Securities and Exchange Commission) на САД, со што оваа друштвена мрежа аплицира за пласман на берза. Ова следува само неколку денови откако Марк Закерберг им порача на луѓето од Twitter да не се плашат да излезат на берза, а се претпоставува дека вредноста на Twitter ќе биде проценета од 15 до 20 милијарди US долари.

Повеќе детали од апликацијата засега не се познати, бидејќи со новиот закон познат како JOBS (Jumpstart Our Business Startups) пријавите се приватни. Инаку, годишните приходи на компанијата изнесуваат нешто помалку од милијарда долари, додека за 2013 година се очекува приход од 500 милиони долари. Исто така, во моментот не е познато дали Twitter ќе излезе на NASDAQ или NYSE берзата.

Инаку, Twitter е основан пред повеќе од 7 години, а до сега на оваа друштвена мрежа се испратени повеќе од 170 милијарди твитови. Просечниот корисник поминува околу 170 минути/месечно и има околу 280 следачи.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top