Каков вид апликации ќе користиме на паметните часовници?

Иако паметните часовници засега имаат улога само како “продолжена рака” на паметните телефони, поради својата природа нудат многу повеќе можности. Како и кај телефоните, иднината на паметните часовници зависи воглавном од апликациите кои ќе бидат на нив. Sony Smartwatch 2, Samsung Galaxy Gear, Pebble се дел од веќе претставените часовници, а на големо се зборува и за паметни часовници од Apple, Google и Microsoft. Без разлика на производителот, еве дел од апликациите кои ги предлага The Next Web и за кои смета дека треба да ги има на секој паметен часовник.

 

  • Музички апликации – Било која апликација која ќе подржува повеќе платформи. Апликацијата се разбира ќе мора да биде прилагодена на паметните часовници, па освен пауза, прескокнување на песна девелоперите ќе мора да изнајдат начин да понудат пребарување по музичките библиотеки, без постојано пребарување и вадење на телефоните. (iPad?)
  • Локациски апликации – Локациските апликации како Foursquare се популарни кај корисниците, нивното прилагодување кон паметните часовници би значело единствено префрлање на истите на часовниците и олеснување на чекорите за чекирање на дадена локација.
  • Планер – Иако планери како Evernote веќе постојат за секој оперативен систем, без сомневање вистинската платформа за нивна имплементација се паметните часовници. Можноста за погледнување на часовникот и информирање кога е следниот состанок, задолжение или активност, изгледа примамливо и се чини дека часовникот на зглобот е вистинско место од каде ќе може да се потсетите на овие информации.
  • Мапи – Малиот екран на часовникот секако не е вистинско место за поставување на мапите, но нотификации за каде да свртите на раскрсниците додека патувате или чекорите изгледаат одлично. Покрај ова тука би можеле одлично да се сместат и апликации за јавниот превоз. Иако засега изгледа како фантастична приказна, би било одлично да може да погледнете колку е оддалечен автобусот или метрото од станицата додека ги чекате. Доколку автобусот или корисниците доцнат апликациите  како Uber ќе овозможат да  повикате возач или такси со избор на локација и притискање на копче.
  • Апликации за наплата – Апликации како онаа на Starbucks или пак на локално ниво Mobipay овозможуваат корисниците да платат купените продукти на скенерите во продавниците со помош на своите телефони. Префрлањето на апликацијата на зглобот на раката ако ништо друго ќе го направи плаќањето на продуктите поудобно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk