1 коментар 2 мин. читање 18 октомври, 2011

Twitter има 100 милиони активни корисници, половина од нив се логираат секој ден

Главниот човек на Twitter, Дик Костело, на конференцијата Web 2.0 во Сан Франциско откри дека оваа друштвена мрежа веќе има 100 милиони активни корисници, половина од кои се логираат скоро секој ден. Тој исто така изјави дека дневно се споделуваат околу 250 милиони твитови, што е далеку повеќе од почетокот на оваа година, кога беа споделувани 100 милиони твитови. На почетокот од годината Twitter имаше само 30 отсто активни корисници месечно, додека сега е повеќе од 50 отсто.

Една од причинитe за големиот раст на употреба на Twitter, според Дик Костeло, е и стартувањето на новиот оперативен систем на Apple, iOS 5. Во новиот оперативен систем, Apple длабоко го има интегрирано Twitter, со што автоматски се зголемил бројот на корисници кои се логираат на оваа друштвена мрежа преку нивните Apple уреди.

Со стартувањето на новиот мобилен оперативен систем, бројот на логирања од iOS 5 уреди се зголеми за три пати. Користењето на мобилната верзија расте за 40 отсто секој квартал.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Anonimen
Anonimen
14 years ago

Тоа мили-лиони е нешто мало?

Мени
Заедница
Изглед
To top