Потпретседателот на Intel Architecture Group, Кирк Скауген вели дека до крајот на 2015-та година ќе видиме 15 милијарди уреди кои ќе се меѓусeбно поврзани преку Интернет. Тука не се мисли само на таблет или десктоп компјутери и мобилни, туку на автомобили и домашни уреди поврзани на Интернет кои комуницираат меѓу себе.
„Заедно со 2.5 милијарди луѓе кои ќе имаат пристап до Интернет, целта очигледно ни е да ги поврземе сите“, вели г. Скауген.
Според него, Муровиот закон предвиден во 1965-та од Гордон Мур, кој вели дека секои две години бројот на трансистори во чиповите ќе се дуплира, се уште е важечки и ќе биде така во наредниве неколку години. Како што напредува технологијата, серверите, чија просечна цена денес е падната од 58.000 на 3.800 долари, ќе можат да издржат се повеќе и повеќе податоци. Затоа и денес гледаме неверојатни бројки како 48 часа долго видео се закачува на YouTube секоја минута, се споделуваат над 200 милиони твитови дневно, 7,5 милијарди слики се закачуваат на Facebook секој месец…
Г. Скауген вели дека последниве десет години бројот на процесори во дата центрите се дуплирал, и во наредниве пет години ќе се дуплира повторно. Ова ќе овозможи да се има компјутерска моќ да се направат неверојатни напредоци во медицината и прецизни предвидување на климата, пример да се добие предупредување за бура две недели пред да се случи, наместо 48 часа како што е денес.







