Facebook и Google не знаат како да се справат со идентитетот, вели основачот на 4chan

во Веб

Сите ние имаме повеќе идентитети, тоа не е ненормално, тоа е дел од нас, вели основачот на Canv.as и контроверзниот форум 4chan, Кристофер moot Пол, кој на Web 2.0 Summit им се спротистави на Facebook и Google затоа што форсираат еден веб идентитет наместо да им го дозволат право на анонимност на корисниците. Google на својата друштвена мрежа дури започна да брише профили кои се со алијас, а не со право име.

Кристофер moot Пол е означен како еден од највлијателните веб личности бидејќи го основа и води контроверзниот форум 4chan кој е познат по своите интернет мемиња, но и по заради анинимноста на корисниците. На 4chan секој може да остане анонимен, а логовите од форумот не се чуваат. Tој форум e и местото за собирање на хакерите-активисти Anonymous.

„Ние ќе жртвуваме нешто што е специјално и вредно. Kомплексноста на идентитетот е нешто што го дефинира човештвото и ние сме блиску да го изгубиме тоа.“, изјави Мoot во својот говор на Web 2.0 конференцијата.

„Facebook и Google се справуваат погрешно со идентетотoт. Twitter го прави тоа подобро. Би сакал да видам што ќе се случи кога соодветно ќе го користиме идентитетот.“

Watch live streaming video from web20tv at livestream.com

Подолу е интервју на TechCrunch на Кристофер Пол и Тим O’Рајли, ко-основачот на Web 2.0 Summit.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments