{mosimage} Се појави вест за истражување на Twitter кое покажува дека 80 отсто од корисниците на Twitter твитаат само за себе. Затоа и насловот „Интернет страницата Твитер за нарцисоидни“ по медиумите. Текстот како и сите вакви глупави текстови си е во ред, се до еден момент:
„Сепак Твитер успева да ја задржи репутацијата како најнесериозен сајт, односно страница за губење време и затоа секоја година бројот на нови корисници му се зголемува за 3,7 проценти. “ пишува МИА.
Да ве потсетам што значи МИА – Македонска Информативна Агенција,јавен информативен сервис кој информираа за секојдневните настани.
Да ви објаснам што е Twitter – Онлајн сервис преку кој се споделуваа информации
за Mолдавската револуција и се организираа Г20 протестите, сервис преку кој беа објавени првите информации за бомбите во Индонезија и авионот кој падна во реката Хадсон,
и најважно од се сервис кој, кога сите канали за информации беа блокирани, се користеше за информирање за револуцијата во Иран.
{mosimage}
Сепак, таков сервис за МИА е најнесериозна друштвена мрежа. Звучи како МИА никогаш да не чула за мрежи како Facebook или MySpace, а уште помалку знае што се квизови или што случува на нив бидејќи тие мрежи се приватни. За разлика од нив Twitter е јавна и достапна, што значи дека информацијата е слободна!
Секако дека за некои луѓе Twitter е бескорисен, што е сосема во ред. Но се работи за новинска агенција чија работа е информацијата.
Да го споредиме ставот на МИА со реномирани медиуми, пример BBC. Дали има BBC профил на Facebook и што има на него? Нема. BBC нема официјален профил на Facebook преку кој се објавуваат вести. Единствено што го најдов што личеше на официјален профил е BBC Professional Service, профил кој се уште нема ниту еден пост.
Да го побараме официјалниот BBC профил на Twitter, на најнесериозниот сервис корисен за трошење време.
{mosimage}
хммм… BBC има неколку официјални профили во различни категории? Да побараме Guardian, The New York Times, Reuters, CNN…
Сите тие светски познати новински мрежи кои ја снабдуваат МИА со вести всушност имаат по неколку официјални профили на најбескорисната
друштвена мрежа? Навистина се чудам зошто си го трошат времето? Можеби бидејќи Twitter e oтворен јавен сервис за брзо споделување информации?
Уште посериозно е што веста се појави и на други медиуми: на Kирилица, Канал5, порталот ИдиВиди… Уште побизарно е што додека го пишувам ова, веста се појави и на А1, кои неодамна објавија вест за „револуцијата на twitter, проблем за медиумитe“.
Претходно пишував за македонските медиуми кои ја гледаат технологијата како забава, и покрај потенцијалот за развој на една земја, економија, индивидуален бизнис, ширење на информација…
Дали треба да заклучиме дека колку што е полесно да се информирате за нешто, така македонските новински агенции стануваат се побескорисни?






