Надополнето: Покрај Hotmail, пробиени се и Gmail и Yahoo

(Google потврди за BBC дека се пробиени и Gmail лозинки преку phishing измами. Повеќе за тоа ќе прочитате подолу, после првичниот текст)

{mosimage} Microsoft знае дека се зборува за листа со илјадници Hotmail лозинки и моментално ја испитува ситуацијата, пишува BBC News кои потврдија дека листата со пробиените Hotmail лозинки постои.
Веста за листата за прв пат се појави на блогот за технологија Neowin кои објавија дека листата со над 10.000 кориснички имиња и лозинки била закачена онлајн на pastebin.com на 1 октомври

Тоа што е интересно е што листатa објавена на pastebin содржела околу 10.000 информации само од корисници чие име почнува на буквата „А“ или „Б“. Логично е да се претпостави дека листата е многу подолга. Microsoft, чиј е Hotmail сервисот, изјави дека моментално го истражува случајот, додека од Neowin претпоставувија дека се работи или за хакнат сервис или за phishing измама.

Неодамна се појави ваква листа со пробиени лозинки на околу 18.000 Facebook корисници, од кои голем бел беа македонски корисници.

Затоа, доколку користите Hotmail, за секо случај, без врска дали сте или не на листата, СМЕНЕТЕ СИ ЈА ШИФРАТА.

Надополнето: Покрај Hotmail, пробиени се и Gmail и Yahoo

Google потврди на BBC News дека и нивниот имејл систем Gmail е мета на phishing измамата со која се украле огромен број на податоци. Сeга BBC вели дека има две листи со преку 30.000 имиња и лозинки од Hotmail, Gmail, Yahoo и други имејл сервиси.

„Веднаш извршиме ресетирање на лозинките на пробиените мејлови. Ќе продолжиме да го правиме тоа на сите додатни мејлови за кои ќе дознаеме дека се пробиени“ изјави Google кои демантираа дека се работи за хакнување на системите, а потврдија дека се работи за phishing измама.

Phishing измама е лажна страна преку која корисниците самоволно ги даваат своите податоци на хакерите. До лажните сајтови се стиза по линкови постирани на друштвени мрежи, или преку имејлови во кои скамерите се преставуваат како ИТ модератори на некој сервис. Тука можете да видите Краток водич за phishing напади.

Уште еднаш – Ако се сомневате дека сте биле измамени или не сте сигурни, сменете си ја лозинката на вашиот мејл.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk