Twitter го тргна лажниот профил на Бил Мареј кој имаше околу 150.000 следбеници

0 коментари 2 мин. читање

Twitter реши да го затвори лажниот профил на Бил Мареј иако долго време му дозвололуваше да споделува пораки. Додека постоеше профилот @bill_murray објавуваше украдени шеги, бараше пари од следбениците и не се ни обиде да разјасни дека тоа не е профил на познатиот холивудски актер Бил Мареј. И покрај големиот број на забелешки за плагијат @bill_murray го следеа околу 150.000 следбеници, додека профилот @BillMuray, неверификуван, што објавув само вести за актерот е следен од само 5.000 корисници.

Еден од првите кои го отворија прашањето на лажниот профил е Тим Сидел кој со право смета дека е смешно кога оргиналните автори на шегите имаат помалку следбеници од плагијаторот.

Иако Twitter не објави зошто е затворен профилот, една од причините можеби е и жалба од корисниците кои мислеле дека го следат вистинскиот Бил Мареј. Подеднакво веројатна е и варијантата дека на Twitter им здодеало од барањата за донации од неговиот профил. Веднаш по затворањето на лажниот профил се појави нов профил @Bill_Murray но со истата филозофија „Креативноста е супер, но плагијаризмот е побрз!“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top