Австралискиот суд го казни Apple со парична казна од 2,25 милиони долари поради ширење на лажни информации. Имено, откако Apple го објавија новиот iPad, веднаш почна со рекламирање на можноста за користење на 4G мрежата. Аpple велеше дека нивниот iPad WiFi + 4G може да се поврзи на мрежата на Telstra LTE во Австралија, што не е возможно и со тоа им пласира лажни информации на потенцијалните корисници на овој нивен компјутерски таблет.
Покрај казната од 2,25 милиони долари, судијата Бромберг нареди дека ќе мора да платат и дополнителна казна од 300.000 долари поради прекршување на потрошувачките права. Судијата истакна и дека таквото однесување не е прифатливо бидејќи истата рекламна кампања врти и во неколку други земји. Apple веднаш додаде објаснување за поддршка на 4G на својот сајт за Северна Америка,
Причината поради која новиот iPad не работи на 4G на мрежата на Telstra е бидејќи користат различни фрекфенции, а од Apple ветија дека сите нови корисници кои ќе покажат дека нивниот нов iPad не работи на австралиската 4G LTE и WiMAX мрежа ќе им ги вратат парите.