0 коментари 1 мин. читање 21 јуни, 2012

Facebook додаде копче за емотикони во четот

Емотиконите на Facebook секогаш беа тука, пример внесите ^_^ или (y) и ќе ви се прикаже емотикон. Има и некои скриени како на пример <3 за срце или :|] за робот. Но, моравте да ги знаете за да ви се појават во четот.

Facebook реши да го промени тоа и додаде копче со дел од емотиконите во самиот чет за полесно искажување на емоциите. Но, тоа копче не ги содржи скриените емотикони, а сите знаеме дека не може да се разговара на Facebook без да се постира Pacman (:v) или пингвин (< (”)) од време на време. Не заборавајте и дека може да постирате и слика од кориснички профил во четот.

Наскоро може да се очекува емотиконите да се додадат и на Facebook Messenger и мобилните апликации.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top