0 коментари 1 мин. читање

Се најде дупка и во Internet Explorer 10

Новиот Internet Explorer можеби е подобар од претходниците, но како по правило речиси сите доаѓаат со безбедносни пропуст. За жал и Internet Explorer 10 не е исклучок од правилото, но овој пат пропустот е подзаборавен од претходните верзии.

Microsoft разгледува безбедносен пропуст кој се повторува од IE 6, први го забелeжал Spider.io, а сериозно ја загрозува доверливоста на виртуелните тастатури. Пропустот дозволува да биде следена позицијата на глувчето дури и кога IE не е активен. Во соопштението на Spider.io, се наведени два случаи на Ad Analytics кој ја експлоатираат оваа слабост на Internet Explorer 6-10.

Опасноста да биде поголема доволно е злонамерните хакери само да закупат рекламер простор на страните кои се посетувани и ќе можат да го прибираат податоците од виртуелната тастатура. Според Spider.io, Microsoft е известен за пропустот на 1 октомври. Засега компанијата го признава пропустот, но нема најава за безбедносна закрпа која би ги спречила можните малверзации. Покрај ова компанијата се обидува да го релативизира проблемот изјавувајќи дека според нивните сознанија, пропустот е поголем проблем за конкурецијата меѓу компаниите кои ги анализираат состојбите отколку по безбедноста на потрошувачите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top