Twitter ги суспендира профилите заразени сo Koobface

{mosimage} Како што расте популарноста на Twitter така расте и бројот на хакерите и спамерите кои го користат сервисот како начин за распространување на злонамерниот софтвер и заразување на компјутерите на корисниците. Twitter е најновиот случај на сајт кој е цел на напад од страна на Koobface, вели Рик Фергусон, постар советник за безбедност во Trend Micro. Претходно цел на напад беа други сајтови како што се Bebo, Hi5, Friendster и LiveJournal.

„Koobface има долга и неславна историја и релативно беше успешен во иницирање на компјутерите на жртвите," вели Фергусон

Рајан Флорс, експерт за безбедност, објави на блогот на Trend Micro дека најмалку 200 кориснички профили се заразени со последните обиди на Koobface. Злонамерен софтвер се шири на Twitter исто така и преку лажни профили кои се регистрираат автоматски со помош на одредени софтверски алатки. Според Фергусон, Twitter би можел да се одбрани од ова преку испраќање на верификациски линк на емаил, за време на регистрацијата на профилите на новите корисници. Со ова барем ќе се отежни постапката на регистрирање на лажни профили.

Свесен за опасноста, Twitter започна со суспендирање на профилите на своите корисници чии компјутери се веќе заразени со одредени вируси поврзани со други сајтови како што се Facebook и MySpace. Oткако ќе ги суспендира, Twitter им праќа е-маил на корисникот на суспендираниот профил со упатства за како да се исчисти компјутерот од вируси и друг штетен софтвер.

Црвот Кoobface е направен да се распространува преку проверка дали одреден член е логиран на некоја од социјалните мрежи. Потоа тој испраќа лажни пораки на корисничкиот профил на Twitter, со цел да ги намами пријателите да кликнат на линкот кој потоа води кон заразена веб страница. Пораката која ја испраќа црвот е „Мy home video :) …" надополнета со штетен линк.

{mosimage}

Некои од штетните линкови на Koobface имаат атрактивни видеа, како на пример видеа со Мајкл Џексон, и на тој начин создавачите на штетниот софтвер сакаат да го привлечат вниманието на корисниците со помош на актуелните новости и настани. Доколку корисникот го следи линкот, тој ќе го однесе на веб сајт кој ќе побара од него да го симне или надогради неговиот флеш плеер, но всушност тоа е Koobface. Целта на црвот се крадење на информации, како податоци за кредитни картички и правење на огромна мрежа на заразени компјутери или ботнети, мрежа преку која ќе може во иднина да се менаџира спамот и ширење на други вируси.

Користењето на сервисот за кратење на линковите на Twitter го отежна препознавањето на линкот и корисниците не знаат на која веб страница ќе завршат со кликнување на линкот. Сепак, постојат алатки на Twitter како што е TweetDeck, кој ја прикажува целосната адреса на веб страницата и на тој начин корисниците полесно ќе можат да проценат за безбедноста на линкот пред да кликнат.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk