0 коментари 2 мин. читање

Неколку нешта за Twitter

{mosimage}Сервисот за микро-блогирање се повеќе и повеќе расте. Од индивидуални профили до профили на големи медиуми, брендови, познати личности…сите постираат информации, читаат, споделуваат на Twitter. Во мај 2008 година имаше 1 милион корисници. Сега таа бројка е меѓу 20 и 25 милиони. Тоа се 1.382 проценти годишен раст, вели Nielsen.

Но колку од тие корисници се активни? Колку се стари? Зошто го користат Twitter? Овие прашања е тешко да се одговорат бидејќи Тwitter е сервис кој собира минимални податоци за корисниците. Можете да ги внесете годините и местото каде се наоѓате, но можете и да ги испуштите тие информации. Името воошто не е битно, посебно името на профилот. Тоа што е важно на сервисот е споделувањето и информирањето.

Но, сепак има неколку нешта што се познати за Twitter.

  • Oд февруари 2009 год. Twitter го посетуваат по 6 милиони уникатни посетители месечно, само 40 отсто од нив остануваат на Twitter.

{mosimage}

  • 10 отсто од корисниците на Twitter постираат дури 90% од содржината која се објавува на сервисот, според истражување на Универзитетот Харвард.
  • 1/5 (21%) од сите Twitter профили се празни, без содржина.
  • 94% од сите Twitter корисници имаат помалку од 100 следбеници.
  • 150 е магична бројка. Twitter корисниците престануваат да следат други кога ќе стигнат до бројката на 150 профили кои ги следат, според Sysomos.
  • Има повеќе жени на Twitter, 55 проценти, наспроти мажи со 47%.
  • 15 отсто од тие што следат повеќе од 2,000 луѓе се идентификуваат како „експерти за друштвени мрежи“.
  • Повеќе од половината Twitter корисници не одат на официјалната twitter.com страна, туку користат апликации како TwitterDeck и TwitterFox. TwitterDeck е најпопуларниот со скоро 20 отсто од пазарот.
  • Twitter е најпопуларен меѓу младата генерација, од 20 до 25 години, според Sysomos.

Сепак некои податоци треба да се разгледаат со мал скептицизам. Пример, годините на корисниците. Споменав дека вметнувањето на годините на Twitter не е задолжително, многу луѓе едноставно ги игнорираат тие информации. Прво, бидејќи не се задолжителни. Второ и поважно, бидејќи Twitter е отворена, јавна мрежа. Секој може да го види важиот профил, па зошто да ги објавувате личните податоци?

Но
интересно е да се види дека само 10 отсто од корисниците, прават 90 отсто од сообраќајот. Иако Twitter расте со неверојатна брзина, сепак поголемиот дел од корисниците не знаат што да прават со него.

Што се однесува за македонската публика, подолу е анкетата што ја направивме во мај. Од 316 анкетирани, само 56 го користат сервисот aктивно, додека 71.6 отсто од анкетираните имаат негативен став кон Twitter.

{mosimage}



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top