0 коментари 1 мин. читање

Twitter е блиску до 500 милиони корисници?

Според Тwopcharts, Twitter во февруари ќе стигне до 500 милионитиот профил. Mоментално друштвената мрежа има 465 милиони профили, и забележува по 11 нови корисници секоја секунда.

Но, иако Twitter има неверојатно голем број корисници, сепак бројката е нереална гледајќи според активни корисници. Уште во октомври, директорот на компанијата Дик Костоло, се изјасни дека Twitter има околу 100 милиони активни корисници, без врска што тогаш имаше околу 400 милиони активни профили.

Според реалните бројки, Twitter е сè уште далеку зад Facebook за кој се очекува дека ќе стигне до 1 милијарда корисници до средина на летово.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top