Scr.im е веб сервис кој овозможува да ја заштитите вашата имеј адреса и слободно да ја споделите на Facebook, Twitter, форуми и други јавни сајтови.
Сервисот, кој е креиран од @Basem_A, го претвара вашиот имејл во краток и безбеден URL. Наместо јавно да биде истакнат мејлот, отворен за автоматските скрипти за спам да го соберат, краткиот Scr.im линк бара само верификација дека корисникот е човек за да го прикаже имејлот. Пример, http://scr.im/viktor
Тоа што е корисно е штом ќе се прикаже мејлот, сервисот нуди линк до Gmail за да може да испратите порака. Со Scrim може да си одберете лична, лесна за помнење адреса, и HTML код за вметнување во документи и форуми.








