0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2013

ТweetsPie поврза две победи во низа; освои прво место и на Mobile AppCamp Skopje

По победата во Букурешт пред само три недели, македонската апликација за најдобрите твитови, ТweetsPie, победи и во Скопје на вториот Mobile AppCamp. Со победата TweetsPie ќе добие шанса да оди назад во Букурешт, овојпат на Google Hackathon, на Webit Congress и најверојатно во Париз на натпреварувањето за стартапи на Alcatel. Второто место го освои ShareDrive, апликација која ги поврзува патниците, а третото место го освои Taxi in Slough, апликација за резервирање на такси. И овие две апликации ќе имаат шанса да патуваат во Париз.

„Како што вели @KrojanBojan [иницијатор на идејата], ни фалеше само уште оваа победа да имаме две победи во низа“, вели Иван Димовски, креаторот на TweetsPie. Апликација ги прикажува само најретвитуваните твитови од вашите пријатели, а целта и е да го исфилтрира тајмлајнот од непотребните твитови, и да ги прикаже само актуелните и популарните дискусии. Во меѓувреме апликацијата е достапна и на Amazon, покрај Google Play и Apple App Store, а во тек е и нејзино преведување на повеќе јазици.

TweetsPie беше во конкуренција со вкупно 30 македонски апликации кои се натпреваруваа за престижните награди. Сите учесници на Mobile AppCamp Skopje и деталите за апликациите ќе може да ги најдете тука.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top