Twitter сега има кирилична поддршка, односно може да се пребарува според кирилични хаш-тагови. Ова ќе биде одлично за македонските твитерџии да можат да дискутираат за теми без да им се губи разговорот меѓу побројните англиски твитови.
Хаш-таговите, означени со знакот #, се користат да се одбележи тема или дискусија за потоа подоцна да може да се пребарува по Тwitter. Пример, внесете #кирилица и ќе ги добиете сите твитови кои се означени со овој хаш-таг. Еве неколку твитови со кириличен хаш-таг.
*како што може да се види подолу, вметнатите твитови со Blackbird Pie не линкаат до кириличните хаш-тагови, но функционираат како на Twitter.com така и на други надворешни клиенти како Echofon, ТweetDeck…
<3 #кирилица
#кирилица рулз
#кирилица frenzy #кромид #цицајнет #умоевреме #свецко #скопје2014 #oпсада #протестирам









